Нешто повеќе од две седмици македонската јуниорска кошаркарска репрезентација с еподготвува за Европското првенство кое во периодот од 26 јули до 4 август ќе се одржи во Орадеа, Романија.
„Црвено-жолтите“ денеска и утре ќе се надигруваат против соодветната возрасна национална селекција на Полска.
Натпреварите ќе се одиграат во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, со почеток во 18 часот.
Неколку дена по натпреварите против Полска јуниорите ќе заминат за Црна Гора каде ќе одиграат пријателски двомеч, а потоа и во Бугарија на уште два пријателски натпревари.
Кон средината на месец јули јуниорите ќе се натпреваруваат на турнир во Скопје пред да заминат во Бугарија на уште еден пријателски турнир.
Неколку дена пред почетокот на првенството, јуниорите ќе заминат за Романија на пријателски натпревари со организаторот на јуниорското европско првенство (дивизија Б).







