Македонскиот дигитален сертификат за Ковид-19 одобрен од ЕУ

Европската комисија вчера го одобри македонскиот дигитален сертификат за Ковид-19.

Македонија е прва во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на Европската унија.

„Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ, како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, заради заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки“, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството вчера, меѓу другото, потенцираа дека стручните препораки во однос на имунизација против корона вирусот се дефинираат водејќи се од потврдени и прифатени податоци и докази кои потекнуваат од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести, Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (CDC и ECDC), од регураторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од Светската здравствена организација.

Препораките од сите овиe организации е дека за комплетна имунизација против Ковид-19 потребно е добивање на две дози (со исклучок на вакцината на Ј&J која се прима само во една доза) во дефиниран интервал, 14 дена по примање на втората доза.