Македонскиот офицер има нигерски вид на корона вирусот

Потполковникот од АРМ кој беше донесен од Африка не е заразен со јужноафриканскиот, туку кај него е детектиран нигериски вид на вирусот.

„Според анализите од МАНУ, кај војникот е детектиран нигериски вид на вирусот, а не јужноафрикански, иако има сличности меѓу двата вида, не станува збор за ист вид. Нигерискиот вид исто така е чест во афричките земји“, пренесува МИА, повикувајќи се на официјални извори од Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека инфекцијата кај пациентот е во поодомината фаза и оти тој веќе е во фаза на оздравување.