Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонците во Албанија бараат загарантирани места за малцинствата во Парламентот
Политика

Македонците во Албанија бараат загарантирани места за малцинствата во Парламентот

септември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, побара загарантирани места за припадниците на малцинствата во албанското Собрание.

Ваквото барање тој го изнесе на тркалезната маса организирана од мисијата на ОБСЕ во Тирана посветена на изборната реформа на тема „Негирани од страна на системот: Воспоставување на сеопфатен систем за заштита на демократијата”, на која учествуваа пратеници од албанското Собрание и претставници на политичките партии и цивилниот сектор.

„Во моето излагање, во името на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, истакнав дека ако има некој кој е негиран од страна на системот тоа се малцинствата во Албанија. Освен грчкото малцинство кое традиционално е застапено во албанското Собрание, другите малцинства: македонското, влашкото, ромското, бошњачкото, египќанското, српското и црногорското малцинство се политички незастапени во албанското Собрание во изминатите 30 години“, вели Стерјовски.

Тој посочува дека е време малцинствата во Албанија да имаат загарантирани места во албанскиот законодавен дом, по примерот на многу држави во Европа, кои имаат обезбедени мандати во нивните парламенти за националните малцинства.

„Верувам дека ќе се најде политичка волја, но и со помош на нашите стратешки партнери САД и Европската Унија со новата изборна реформа, малцинствата во Албанија да имаат загарантирани места во албанското Собрание“, нагласува Стерјовски.

Според него една од зацртаните активности на МАЕИ е партијата да биде застапена со свој пратеник во албанското собрание.

„Ние мора да се избориме секогаш да бидеме парламентарна партија. Заеднички со сите малцинства, бараме да имаме загарантирани места“, додаде Стерјовски.

Инаку, Стерјовски од мај годинава стана првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од редовите на македонска партија, но и воопшто прв пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Тој го доби мандатот, откако пратениците од коалицијата што ја предводеше Социјалистичкото движење за интеграција, чиј дел на јунските избори пред две години беше и МАЕИ, се откажаа од пратеничките мандати.

Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.

актуелно албанија македонци малцинствата парламент
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.