Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонците сè повеќе купуваат од домашни е-трговци
Економија

Македонците сè повеќе купуваат од домашни е-трговци

декември 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Во третиот квартал годинава се реализирани 43,5 милиони евра кон домашните е-трговци, додека за првите девет месеци од годината 117,3 милиони евра, што е раст од 123 проценти споредено со 2019 година, кога вредноста изнесувала 52,7 милиони евра. Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната банка, растот на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон домашни интернет-продажни места изнесува 173 проценти“, соопшти денеска Асоцијацијата за е-трговија на  Македонија.

Иако апсолутната вредност на реализирани трансакции од странци (странски картички) кон домашни е-трговци е ниска, треба да се напомене дека се забележува раст од 69 проценти во вредноста во третиот квартал (растот во првиот квартал изнесувал 5 проценти, додека во вториот 38 проценти). Вкупната вредност за првите девет месеци годинава изнесува 7.2 милиони евра, што претставува раст од 36 проценти споредено со истиот период лани.

Трендот на опаѓање на трансакциите од Македонци кон странски етрговци продолжува и во третиот квартал, но со нешто забавено темпо.

Ако во вториот квартал беше забележан пад од 73 проценти на вредноста на трансакцииите кои Македонците ги реализирале кон странски епродавачи, во третиот квартал изнесува 50 проценти.

Според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, ако се имаат предвид рестриктивните мерки и затворањето на економиите кои ги наметна пандемијата, во голема мера овој пад се должи на патувањата во странство за кои најчесто се резервира и плаќа онлајн–авиобилети, преку сајтовите на авиокомпаниите и хотелско сметување и аранжмани, booking.com и останати платформи.

„Има навистина голема потреба за подобрување на официјалните податоци од областа на е-трговијата кои се прибираат и објавуваат од надлежните институции. За да знаеме каде одиме и како напредуваме потребна е јасна слика за индустријата. Така на пример во вредноста на трансакциите кон интернет продажни места влегуваат купувања реализирани со платежни картички кон домашни е-продавници како и
плаќање на сметки за струја, вода, телефонски услуги, владини услуги и слично, односно секоја трансакција која се процесира онлајн со картичка. Потребна е категоризацијата за да можеме да имаме порелеватна слика, а исто така потребни се и податоци за целокупната малопродажба во земјата како би можеле да го знаеме уделот на онлајн продажбата во неа“, вели Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Збирно гледано вкупната вредност која Македонците ја потрошиле онлајн во првите девет месеци од 2020 година изнесува 155.4 милиони евра и е за три проценти помала од вредноста во првите девет месеци од 2019 година (159,7 милиони евра).

Нема позначајна промена во вредноста но значајна промена има во структурата во полза на домашните е-трговци.

Дека Македонците ги промениле навиките за време на пандемијата, покажуваат резултатите од анализата на е-трговијата која ја спроведе Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Над 35 проценти од испитаниците купуваат во поголем обем, околу 20 проценти почнале да ги плаќаат сметките онлајн, а над 70 проценти се изјасниле дека ќе продолжат и по КОВИД-19 да купуваат онлајн во исто темпо.

„Пандемијата навистина отвори можност каква што досега не постоела за е-трговијата. Се забележува раст на глобално ниво, некои земји успеаа за неколку месеци да остварат три и пет годишен раст. Сепак се работи за поразвиени земји, со адекватно ниво на дигитални вештини на популацијата и богата понуда во е-трговија. Земјите со пониско ниво на дигитални вештини кои се потребни за учество во онлајн купување, како Северна Македонија не можат да го фатат тој чекор толку брзо бидејќи овие повеќегодишни слабости не се решаваат во неколку месеци. Затоа е важно што поскоро да поставиме јасна цел и дигитална стратегија за нашата земја“, појаснува Ангеловска.

актуелно е-трговци македонци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.