Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонците трошат 37,8 отсто од приходите за храна
Економија

Македонците трошат 37,8 отсто од приходите за храна

декември 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Жителите на Северна Македонија 37,8 отсто од своите месечни приходи трошат за храна, покажува истражувањето на руската агенција „РИА Рејтинг“, со кое се опфатени 40 европски држави врз основа на податоци од националните статистички
служби за 2019 година.

Наспроти ова, жителите на земјава, според анализата, трошат четири отсто од приходите за цигари и алкохол, 3,6 проценти за трошоци во ресторани, кафулиња и хотели и само 1,8 отсто за култура и рекреација.

Истражувањето покажува дека со потрошени 37,8 отсто од месечните приходи за храна, земјава се наоѓа на 37 место на листата, пред Молдавија (43,8 проценти), Казахстан (47,6 отсто) и Украина (50 проценти). На врвот на листата со најмал процент на трошоци за храна е Луксембург (8,4 отсто), пред Холандија и Велика Британија (по 10,6 проценти), Ирска (11,5 отсто) и Финска (11,7 проценти).

Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија на 18-то место со трошоци за храна од 15,4 отсто од вкупните приходи, Грција е 22-ра со (20,2 проценти), Турција е на 23 место (20,3 отсто), Хрватска на 29-та (28,2 проценти), Црна Гора е 30-та (29,7 отсто), Србија е 34-та (34,3 проценти), а Бугарија е едно место пред земјава, односно 37-ма (37,8 отсто).

Во категоријата на трошоци за цигари и алкохол, Северна Македонија со 4,0 отсто е на делба на 34 место заедно со Литванија и Турција, а по земјава следуваат Украина (4,1 отсто), Србија (4,9 проценти), Бугарија (5,0 отсто) и Романија (8,2 проценти). На самиот врв е Луксембург со 1,3 отсто трошоци за цигари и алкохол од вкупните приходи, пред Португалија, Кипар и Молдавија (по 1,6 проценти) и Шпанија и Германија (по 1,7 отсто).

Словенија е 12-та (2,1 проценти), Хрватска е 24-та (2,9 отсто), а Грција и Црна Гора се на делба на 29-то место со по 3,7 отсто.

Кај процентот на трошоци од месечните приходи во ресторани, кафулиња и хотели, земјава е на 11-то место со 3,6 отсто. На врвот на оваа класификација се Романија и Молдавија со 1,9 проценти, пред Белорусија (2,8 проценти) и Хрватска и Украина (со по 2,9 отсто), додека на самото дно се Шпанија (9,9 отсто), Грција (10,8 проценти) и Швајцарија (11 отсто).

За Бугарија и Шведска нема податоци во оваа категорија, додека од останатите земји од регионов Србија е шеста (3,1 проценти), Црна Гора 12- та (4,0 отсто), Словенија е на делба на 19-то место со уште четири земји со по 5,7 проценти.

Северна Македонија е на делба на вицешампионското место со Казахстан во категоријата процент на трошоци за култура и рекреација со 1,8 отсто.

Пред земјава е само Молдавија со 1,5 проценти, а по нас и Казахстанците следуваат Украина (2,1 отсто) и Турција (2,9 проценти). Последните пет места на листата ги заземаат Германија (10,3 проценти), Исланд 11,1 (отсто), Австрија (11,5 проценти), Велика Британија (15 отсто) и Швајцарија (18,7 проценти). Од земјите во регионот Црна Гора е шеста (3,3 отсто), Грција десетта (4,7 проценти), Србија 12-та (5,1 отсто), Хрватска е на делба на 14-то место со Шпанија (5,5 проценти), Бугарија е 17-та (5,9 отсто) и Словенија е 29-та (13 проценти).

Албанија, Босна и Херцеговина и Косово не се опфатени со истражувањето.

актуелно македонци трошок храна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.