Макрон бесен на Џонсон: „Тој е кловн, глупак и циркузант!“

LinkSense.mk

Францускиот претседател Емануел Макрон го извреѓа премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, минатата недела, при посетата на Хрватска, пишува „МејлОнлајн“.

Макрон го нарече британскиот премиер кловн, а се почнало со телефонскиот разговор што тие двајца го воделе по повод трагедијата во Ла Манш, во која се удавија 27 мигранти обидувајќи се да стигнат до британскиот брег.

Во текот на разговорот, советниците на Макрон виделе дека Џонсон на твитер го објавил писмото што му го испратил на францускиот претседател, а кое тој сеуште не го прочитал.

„Џонсон разговара со мене, приземен е и се е во ред, водиме разговори како возрасни луѓе, и тогаш не ‘зафркна’ на крајно неелегантен начин“, им рекол, наводно, Макрон на своите советници и додал: „Секогаш ист циркус“, се наведува во текстот на „МејлОнлајн“.

Францускиот претседател, исто така, наводно, тврдел дека Џонсон дури сега сфатил оти излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија било „катастрофално за Британците“.

Тој себе си се претставува за жртва, од Франција прави жртвено јагне и се обидува секоја упростена состојба да ја претвори во комплексен проблем. Во вајва состојба сме од март“, изјавил Макрон.

Потоа, наведува „МејлОнлајн“, додал дека на Џонсон „во четири очи“ ќе му каже дека му било жат што така се однесува, но дека морал да одговори на јавното мнение.

Многу е тажно да гледаш толкава земја, со која би можеле толку многу работи да направиме, да ја предводи кловн“, рекол Макрон и истакнал дека Џонсон имал став на безвреден човек.

Од Елисејската палата не ги коментираат овие наводи на „МејлОнлајн“.

 

 

 

 

(Фото: АП)