Макрон го смени француското знаме

LinkSense.mk

Франција ги смени боите на своето знаме. Тоа го направи самоиницијативно претседателот Макрон, а јавноста тоа долго не го забележа. Сината боја на тробојката стана сега значително потемна.

Промената на тонот на бојата некои коментатори на социјалните мрежи го дочекаа со многу горчина, истакнувајќи дека се работи за нов каприц на „јупитеријанскиот претседател“ и „газење на симболот“.

Други, меѓутоа, истакнуваат дека новите бои се токму во склад со француската традиција и дека е впрочем збор за враќање на изворите и Француската револуција.

До сега се користеше посветла сина боја која многу потсетуваше на знамето на Европската унија.

Некои медиуми новоста од Елисејската палата утринава ја пренесоа како ексклузивитет, иако таа информација се наоѓа во книгата „Доверливиот Елисеј“ на Елиот Блонде и Пол Ларутиру, која е во книжарниците од средината на септември.

А, тука е наведено дека Макрон ја вратил „вистинската“ сина боја уште на 13 јули 2020 година. Значи, еден ден пред минатогодишната Четиринаесетјулска парада за Денот на републиката.

Актуелните бои на кои се врати Макрон изгласани се во текот на револуционерниот период, поточно, во 1794 година. Првото знаме од 1790 година беше со бои поставени по обратен редослед од сега – црвена, бела и сина.

Светлосината боја ја воведе претседателот Жискар Дестен, кој ја сметаше темносината боја на знамето за многу темна, и дека на Французите повеќе ќе им се допадне поживописен тон. А, и боите да се сложуваат со знамето на Европската унија. Впрочем тука лежи значајна симболика – Франција од јануари го превзема претседавањето со ЕУ, со знаме кое за нијанса ќе се разликува од европското.