Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл

ноември 5, 2026

Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги

ноември 5, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
СВЕТ

Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги

ноември 5, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Францускиот претседател, Емануел Макрон, оценил дека состаноците со европските лидери се „депресивни и целосно лишени од креативност“, истакнувајќи дека многу му недостигаат поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и некогашниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги.

Тоа се ставови објавени во книгата „Сите сте премногу строги кон мене“ на француската новинарка Франсоаз Дегоа, што содржи делови од нејзината приватна преписка со францускиот претседател преку апликацијата Телеграм во изминатите две години.

Според објавените пораки, Макрон ја бранел одлуката за распишување предвремени парламентарни избори во јуни 2024 година, наведувајќи дека сакал партијата Национален собир на Марин Ле Пен да ја затекне неподготвена за изборите.

„Тие беа подготвени за есен, но не и за јуни. Тоа е една од причините поради кои ја донесов таа одлука“, напишал Макрон.

И покрај тоа што распуштањето на парламентот доведе до политичка нестабилност и губење на поддршката за неговата политичка опција, францускиот претседател ја отфрлил оценката на новинарката дека тој потег бил целосен неуспех.

Во преписката го критикувал и поранешниот премиер Габриел Атал, оценувајќи дека му била дадена преголема политичка поддршка.

„Премногу му дадовме. Постојано. Премногу“, напишал Макрон, коментирајќи ги политичките амбиции на Атал.

На прашањето за можноста да поднесе оставка поради политичката криза во Франција, Макрон одговорил категорично:

“Оставка? Никогаш! Од која било причина! Немам намера да дезертирам. Продолжувам понатаму“, порачал францускиот претседател.

Тој изразил и уверување дека кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, нема да успее да ги прикрие нејзините, како што ги нарекол, проруските ставови и наклонетоста кон движењето МАГА на американскиот претседател Доналд Трамп.

Спротивно на тоа, пофално зборувал за лидерот на Социјалистичката партија Оливие Фор, опишувајќи го како човек со чувство за државата и одговорност.

Во преписката ја бранел и пензиската реформа, оценувајќи дека нејзиното суспендирање би било голема грешка за Франција.

„Ако ја суспендираме реформата, можам да ви кажам дека со тоа ќе ја доведеме земјата во сериозни проблеми“, напишал Макрон, иако владата на премиерот Себастијан Лекорни подоцна го прифатила барањето на социјалистите за суспендирање на реформата.

Макрон ги отфрлил и шпекулациите дека по заминувањето од Елисејската палата би можел да работи за францускиот милијардер, Ксавие Нил.

„Нема да работам за никого. Ако се занимавам со бизнис, тоа ќе биде мој бизнис, веројатно надвор од Франција“, навел Макрон.

Елисејската палата за објавувањето на книгата дознала само неколку дена пред нејзиното излегување, објави француска телевизија. Близок соработник на францускиот претседател го критикувал објавувањето на приватната преписка, доведувајќи го во прашање начинот на кој се претставени разговорите.

Францускиот претседател, кому Уставот не му дозволува кандидатура за трет последователен мандат, во преписка со Дегоа во јуни 2026 година се пожалил и на критиките за неговиот политички учинок.

„Често вие и вашите истомисленици сте премногу строги кон мене“, напишал Макрон.

Книгата на Дегоа, поранешна советничка на социјалистичката политичарка Сеголен Ројал и некогашна новинарка на радиото „Франс ентер“, ќе биде објавена денеска, без претходна согласност од францускиот претседател.

Разговорите се воделе преку апликацијата Телеграм, откако Макрон во летото 2024 година прв стапил во контакт со новинарката за да ѝ се заблагодари за јавната поддршка на неговата сопруга Брижит, која била мета на теории на заговор на социјалните мрежи.

актуелно депресивни драги ЕУ Макрон Меркел состаноци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл

ноември 5, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.