Макрон утре патува за Русија на средба со Путин

LinkSense.mk

Без дијалог со Москва, меѓународната ситуација не може да се нормализира“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на неговата посета на Москва.

Неодамнешниот период потврди дека, кога ќе се отфрли дијалогот, што беше избор на Европејците минатата година кога канцеларката Меркел и јас го предложивме самитот ЕУ-Русија, ниту еден конфликт не може да се реши“, изјави Макрон во интервју за неделникот „Журнал ди диманш“.

Затоа што во тој случај оставаме други да зборуваат во наше име, не можеме да придонесеме за нашата колективна безбедност“, додаде францускиот лидер.