Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Малопродажните цени покачени за 4,1 отсто
Анализи

Малопродажните цени покачени за 4,1 отсто

септември 10, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Трошоците на живот во август годинава, во споредба со август лани, биле поголеми за 1,9 отсто, а цените на мало за 4,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во однос на јули годинава, пак, трошоците на живот бележат пораст од 0,4, а цените на мало за 0,9 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на живот во август 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 5,3 отсто, замрзнатото овошје за 1,6 отсто, сушеното, соленото и чаденото месо за 1,5 отсто, месото за 0,9 отсто, другите преработки од месо за 0,6 отсто, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, сувото овошје и јаткастите производи за 0,5 отсто, млекото за 0,4 отсто, рибата и морските плодови за 0,2 отсто.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е евидентиран и кај авионскиот превоз на патници за 21,7 отсто, болничките услуги за 5,7 отсто, велосипедите за 4,9 отсто, гасот за домаќинствата за 3,8 отсто, течните горива за домаќинствата и средствата за чистење и одржување на домаќинствата за 2,7 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства.

Пораст има и кај услугите за рекреација и спорт за 1,7 отсто, градините, цвеќињата и растенијата за 1,5 отсто, предметите за лична хигиена и здравје за 1,1 отсто, услугите за лична хигиена за 0,9 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,8 отсто, цврстите горива за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,5 отсто, резервните делови и опрема за сопствен превоз, домашните миленици и сродни производи за 0,3 отсто, облеката и услугите за одржување на станот за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,5 отсто, оризот за 1,4 отсто, брашното и другите жита и јајцата за 1,2 отсто, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0,9 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 отсто и другите пекарски производи за 0,6 отсто.

„Намалување има и кај централното греење на домаќинствата за 2,5 отсто, обувките за 2,2 отсто, информатичката опрема за 0,9 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот за домаќинствата, игрите, играчките и хобијата за 0,6 отсто, стоматолошките услуги за 0,4 отсто, текстилот за домаќинствата и поправката на електричните апарати за 0,2 отсто“, соопшти Државниот завод за статистика.

живот статистика трошоци услуги цени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.