Мануел Валс доби брашно во лице

Поранешниот премиер и сегашен кандидат за претседател на Франција беше нападнат во Стразбур.
Врз него студент истури брашно додека минувал покрај кафетерија, велејќи му дека граѓаните нема да го „заборават став 3 од Член 49“.

Напаѓачот е веднаш приведен.

Валс неодамна најави дека, ако стане француски претседател, ќе покрене постапка за бришење на ставот 3 од Член 49 од Уставот на Франција, кој што сам го користел повеќе од кој и да било друг премиер пред него.

Со тој член е овозможено францускиот премиер да превземе одговорност за предложен закон и тој закон да стапи на сила без гласање во парламентот.

Во текот на еден парламентарен мандат, премиерот оваа можност може да ја користи само два пати.

Валс таа можност, меѓу останатото, ја искористи за на сила да стапи Законот за работа кој предизвика масовни демонстрации ширум Франција и за кој Валс не можеше да обезбеди доволен број гласови ниту меѓу пратениците од својата Социјалистичка партија.