Со отворени податоци до подобар живот

LinkSense.mk

„Отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој. Тие може да се искористат за подобрување на управувањето преку зголемување на транспарентноста, отвореноста, интегритетот и јавното учество во централната и локалната власт. Ова ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Ќе го зголеми учеството на граѓаните и директно позитивно ќе влијае во напорите за борба против корупцијата. Со малку иновативност ова дава можност за отворање на нови бизниси. Наша главна заложба е да ги донесеме услугите до граѓаните“, изјави денеска на прес конференција министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тој посочи дека „преку објавување на податоците од сензори поставени на раскрсниците, се добива слика за тоа како прометот на коли влијае на загадувањето на воздухот. Од тоа, рече, би можело да произлезе апликација која ќе кажува каде е најголемата сообраќајна гужва и ќе нуди алтернативни патишта за избегнување на истата.

„Тоа што во Британија многу успешно функционира се апликациите за квалитетот на услугите што ги нудат определени институции, како болници и училишта. Одлуката во кое училиште да го запишат своето дете Британците ја носат според отворените податоци за училиштата кои даваат јасна слика за услугите што го нудат училиштата“, рече Манчевски.