Манчестер без Погба против Партизан

Многумина на „Олд Трафорд“ се надеваа дека Пол Погба може да се врати во составот на Солскјер до дербито со Ливерпул, којшто се игра веднаш по паузата за репрезентативни настапи, но Французинот, сепак, ќе мора да го продолжи боледувањето.

Искусниот играч за врска на Манчестерт Јунајтед го скрши палецот на ногата и лекарските извештаи зборуваат дека го чека пауза од околу четири недели. Тоа значи дека е извесно дека Погба ќе го пропушти и гостувањето во Белград, на Хумска, против Партизан во третото коло од Лигата на Европа (на 24 октомври), а прашање е и дали ќе биде подготвен за дуелот против градскиот ривал Мачестер сити на 7 ноември.

Покрај Погба, Солскјер поради повреди не може да смета и на Ентони Марсијал, Ешли Јанг и Тимоти Менса.

(Фото: АП)