Манчестер и Барселона во јуни го „крадат“ Мартинез од Интер

Англискиот великан Манчестер јунајтед и се придружи на Барселона во трката за трансферот на фудбалерот на Интер, Лаутар Мартинез, тврди шпанскиот „Мундо Депортиво“.

Мартинез ќе биде достапен во јуни следната година кога ќе се истакне откупната клаузула од 111 милиони евра, што е договорено уште кога преминуваше од Расинг минатата година.

За сега „нероазурите“ одбиваат да се откажат од 22-годишниот фудбалер, но во јуни тој нема да се прашува ако заинтересираните клубови ја активираат опцијата – откуп од договорот.

Аргентинскиот напаѓач оваа сезона игра одлично, даде гол против Барселона на „Ноу Камп“ и на тој начин дополнително ги воодушеви челниците на Каталонците.

Сега го привлече вниманието и на клубот од „Олд Трафорд“, кој е во потрага за замена на Ромелу Лукаку, затоа што Белгијанецот летово потпиша токму за Интер.

 

 

(Фото: ЕПА)