Маричиќ на средби со Вархеји и Рејндерс

LinkSense.mk

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидено е да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и со еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс.

Тема на разговорите, како што соопшти Министерството за правда, ќе бидат евроинтеграциите на земјата, реформите во судството и владеењето на правото.

Во Брисел, министерот за правда ќе има средби и со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Михаела Матуела, како и со европратениците Тања Фајон и Ирена Јовева од Словенија, Тонино Пицула од Хрватска и Андреас Шудер од Австрија.

Ова е втора работна посета на Маричиќ на Брисел оваа година.