МАСИТ ќе го презентира извештајот за ИКТ индустријата во земјава

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) денеска ќе го презентира првиот локален извештај за ИКТ индустријата во земјава.

Извештајот е работен со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е. на Швајцарската агенција за развој и соработка. На извештајот работеа домашната компанија за истражување и консталтинг ИнсајдерИд и бонитената агенција Таргет Груп.

Поради пандемијата со Ковид -19, презентацијата ќе се одвива онлајн од 10 до 12 часот.