Масовни протести во Букурешт против декретот за помилување осуденици

Илјадници луѓе и денес излегоа на улиците на Букурешт и уште неколку романски градови да протестираат откако владата итно го издаде спорниот декрет со којшто се намалуваат казните за корупција што многу политичари може да ги поштеди од кривичен прогон, а во Букурешт дојде и до судири меѓу полицијата и дел од демонстрантите.

Еден број од демонстрантите фрлаше шишиња и петарди кон полицајците, а тие возвратија со солзавец, пренесува агенцијата Адјерпрес.

bukurest 3

Според официјални податоци, полесно се повредени двајца полицајци и двајца демонстранти.

Романската полиција апелираше на смиреност и побара од демонстрантите кои мирно протестираат да се дистанцираат од групите кои фрлаат кон полицијата, наведува романската агенција.

Демонстрациите почнаа во раните вечерни часови и траеја речиси пет часа, и покрај поларнаниот студ.

Според проценките на полицијата во Букурешт се собрале повеќе од 100.000 демонстранти.

АФП пренесува дека демонстрантите се и на улиците во другите градови, во Клуж, Темишвар, Сибиу…

Според некои проценки на територијата на Романија имало меѓу 200 и 300 илјади демонстранти.

bukurest 4

Во Букурешт демонстрантите спонтано се собраа пред седиштето на владата, извикувајќи „Лопови!“ и повикувајќи ја владата, која е на власт едвај еден месец, на оставка.

Протестите избија веднаш после објавувањето на вонредно донесениот декрет кој може на многу политичари да им овозможи да избегнат кривичен прогон, наведува француската агенција.

Демонстрантите го осудија ненадејното усвојување во вторникот вечерта на итната уредба која би можела некои политичари да ги ослободи од обвиненија. Побуната против тоа трае и зајакнува од ден на ден.

bukurest 2

Министерот за правда Флорин Јордаке го правдаше декретот, кој го заобиколи парламентот и ќе стапи на сила речиси автоматски, што е потребно „законот да се усогласи со одлуките на уставниот суд“.

Новата влада е во затеггната кохабитација со претседателот на Романија, десничарот Клаус Јоханис кој владината уредба за ублажување на прописите за борба против корупцијата ја оцени како „неприфатлива“ и „скандалозна“ и рече дека очекува Уставниот суд да ја поништи.

Уредбата декриминализира повеќе дела и злоупотреби на властите, а некои од таквите дела стануваат казнени со затвор само ако во нив е причинета штета поголема од 44.000 евра.

Владата, исто така, достави до парламентот предлог врз основа на кој од издржување на казна би биле ослободени 2.500 затвореници осудени на помалку од пет години затвор, од кој исто така можат да имаат корист веќе осудени политичари.

Во јануари владата на премиерот Сорин Гриндеану објави итни декрети, што предизвика гневни протести ширум земјата и критики на романскиот претседател на десниот центар Клаус Јоханис, кој во 2014 година е избран врз основа на програмата против корупцијата.

„Ова е тажен ден за владеењето на правото, на кое тежок удар му зададоа противниците на правдата и борбата против корупцијата“, соопшти вчера чефот на романската држава.

Јоханис, дури учествуваше во првите демонстрации против законските измени.

bukurest 5