Мбапе: Многу ми е жал за промашениот пенал против Швајцарија

Напаѓачот на Франција, Килијан Мбапе им се извини на навивачите за промашениот пенал, синоќа во осминафиналето од ЕВРО 2020 против Швајцарија.

Франција е елиминирана на пенали 4:5, а Мбапе не реализира во последната, петта серија.

„Многу сум тажен бидејќи не ја постигнеме нашата цел. Навистина ми е жал за решавачкиот пенал. Сакав да му помогнам на тимот, но не успеав. За жал, ова се подеми и падови во еден спорт што навистина го сакам. Знам дека вие навивачите сте многу вознемирени, но сакам да ви се заблагодарам за поддршката и вербата во нашиот тим. Најважно е да се вратиме посилни во иднина. Честитки за репрезентацијата на Швајцарија, со среќа на овој тим, напиша Мбапе на својот Инстаграм.

Во четвртфиналето на турнирот, Швајцарија ќе игра против репрезентацијата на Шпанија. Натпреварот ќе се одржи на 2 јули во Санкт Петербург.