МВР: Малолетник го подметнал пожарот кај Матка

LinkSense.mk

Полицијата соопшти дека малолетник од Скопје е осомничен дека го подметнал пожарот кај Матка и против него ќе биде поднесена пријава.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на 3 август околу 13,46 часот, во Единицата за известување и команда во СВР Скопје телефонски е пријавено дека во село Долна Матка, во близина на кајак клубот, во шумата спроти реката Треска избувнал пожар којшто се ширел со голема брзина.

Веднаш по пријавата за настанот на лице место излегле полициски службеници од ПО Сарај, пожарникари, лица од центарот за управување со кризи и вработени од ЈП „Паркови и зеленило“, a бил известен и Јавен обвинител.

„По превземените оперативни мерки и активности дојдено е до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Л.Ш. (17) од Скопје за што од страна на СВР Скопје, по комплетирање на целосната документација, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 227 од КЗ на РМ“, се наведува во соопштението.