Медицинарите од Гевгелија се уште не се меѓу вакцинираните против Ковид-19

– Меѓу здравствените работници од земјава, кои досега беа повикани да ја примат вакцината против Ковид-19, се уште нема медицинари од гевгелиската Општа болница од причина што треба да се редуцира списокот на пријавените, потврди денеска директорот Митко Крџев.

Според насоките од ресорното министерство, рече Крџев, треба денеска да изготвиме нов, пократок список, на кој ќе се најдат само вработените во Ковид центарот и од итната медицинска помош кои се во првата линија во борбата против опасниот вирус.

– По составување на новиот список,тие здравствени работници очекуваме да бидат повикани во Скопје на вакцинација, а потоа ќе уследат веројатно нови насоки за вакцинирање на сите останати здравствени работници од Гевгелија кои доброволно се пријавиле да се имунизираат против коронавирусот, посочи Крџев.