Мексико го погоди силен земјотрес

LinkSense.mk

Две лица загинаа во земјотресот што вчера го погоди Мексико. Епицентарот на потресот што бил со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на длабочина од 15 километри во мексиканската држава Мичоакан.

Од силината на земјотресот причинета е материјална штета чија вредност дополнително треба да биде утврдена.

Поради земјотресот беше издадено и предупредување за цунами.

Силниот земјотрес се случи помалку од еден час по симулацијата на алармот за потрес, со што се одбележа годишнината од двата разорни земјотреси што се случија пред пет и 32 години на истиот ден, на 19 септември. Илјадници луѓе загинаа во првиот во 1985 година, а повеќе од 350 загинаа во земјотресот во 2017-та.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)