Меркел предупредува: „Сфатете ги сериозно зборовите на Путин“

LinkSense.mk

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, повика да се сфатат сериозно зборовите на рускиот претседател Владимир Путин.

„Мора сериозно да ги сфатите неговите зборови. Да се сфатат неговите зборови сериозно, да не се отфрлат како блеф, во никој случај не е знак на слабост, туку знак на политичка мудрост – која помага да се задржи простор за маневрирање или, не помалку важно, дури и развој на нешто ново“, истакна Меркел.

Таа објасни и дека е потребно да се размисли што ќе се случи ден по завршувањето на украинската криза.

Да потсетиме, рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија со сите средства ќе ја брани својата територија.

„Западот почна со уцени на нуклеарното поле и заканата за употреба на оружје за масовно уништување против Русија. Русија, како и досега, ќе ги спречи сите оние кои се стремат да владеат со светот, кои се закануваат да предизвикаат распад и поробување на државата. Западот ја помина секоја граница, неодговорни политичари зборуваат за испораки на офанзивно оружје за Украина, се вршат напади врз Русија. Доколку постои закана за територијалната целовитост на Русија, ќе бидат искористени сите средства. Тоа не е блеф“, рече тој.

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)