Меркел ќе атакува на четврти мандат

Германската канцеларка Ангела Меркел се подготвува за четвртиот јуриш кон највисоката државна функција, изјави Норберт Рутгер, политичар од редовите на Христијанско – демократската унија (ЦДУ), партијата на чие е чело е таа.

Во изјава за Си-Ен-Ен, Рутгер рече дека Меркел ќе ја истакне кандидатурата за канцелар за изборите кои претстојат следната година и дека е апсолутно одлучна и сака да го зајакне меѓународниот либерален поредок.

Оваа изјава е дочекана со воодушевување во поголемиот дел на американскиот медиумски простор.

„Њујорк тајмс“ ја нарече Меркел – последна линија на одбраната на слободниот, демократски Запад.

„Њујорк тајмс“: Во се поделеното европско семејство Меркел игра улога на пожарникар во шумски пожар“
„Њујорк тајмс“: Во се поделеното европско семејство Меркел игра улога на пожарникар во шумски пожар“

„Брегзит“, Трамп и особено големиот скок на рејтингот на екстремно десничарските партии направија во Европа осетлива политичка клима.

„Да ви е во вакво време Меркел на чело на Германија е голема среќа. Голема е веројатноста дека таа и во иднина ќе ги земе уздите во свои раце и ќе го прави тоа што и е најпотребно на Европа. Во се поделеното европско семејство Меркел игра улога на пожарникар во шумски пожар“, заклучува „Њујорк тајмс“.