МЕРКУР во БИК: Внимателно зад воланот

Меркур, планетата за коминикација и бизнис, на 16 мај влегува во Бик, знак во кој неговото влијание е ослабено и тука ќе се задржи до 6 јуни. Неговите аспекти, поврзаноста со Уран од Овен, оваа недела им одговараат на оние кои соработуваат со странци, но истовремено предупредуваат на внимание, особено ако заради работа често патувате.

Освен на финансиите, каде што се можни непланирани давачки, обратете посебно внимание на документи и договори, на што предупредува квадратот меѓу Марс во Близнаци и Нептун во Риби, планета на судири и измами.

„Врската“ на Меркур и Уран предупредува да чувате вредни предмети и да стоите на страна од расправии со колеги и соработници, а возачите да бидат внимателни зад воланот.

ОВЕН

Позицијата на планетата на бизнисот во астролошката куќа на бизнисот, близу Уран во вашиот знак, опоменува да избегнувате непотребни трошоци и ризични финансиски трансакции. Не влегувајте во расправија со колеги.

БИК

Владетел е на полето на кариера. Уран, планетата на изненадувањето во врска со Меркур во вашиот знак предупредува да поведете сметка за своите изјави, особено ако сте поради работа присутни во јавноста.

БЛИЗНАЦИ

Ослабената позиција на вашиот владетел на Меркур, симболот на комуникациите, во астролошката куќа на тајните непријатели и препреки, предупредува да се чувате од истриги на работното место. Бидете претпазливи во сообраќајот.

РАК

Поврзаноста на вашиот владетел на Месечината и Нептун во полето на контакти со странци, им одговара на уметниците и лекарите, додека „спојот“ на Меркур и Уран опоменува на тоа дека е потребна исклучителна внимателност при потпишување на договор.

ЛАВ

Позицијата на Меркур, владетелот на астролошката куќа на работата, предупредува дека треба да одбегнувате непотробни трошоци. Во почетокот на периодот, на кратко патување во странство или на некое предавање можете да запознаете интересна личност.

ДЕВИЦА

Вашиот владете со Меркур во врска со Уран, планетата на неочекувани околности, не влијае поволно на вашето расудување во деловната комуникација. Одбегнувајте расправија со партнерот.

ВАГА

Позицијата на Сатурн и Меркур, планетите на комуникации, која управува со вашите полиња со странство и потсвест, ви донесува можност за нови шанси за работа со странци за што одамна мечтаете.

ШКОРПИЈА

Аспектите на Меркур, владетел на вашите астролошки куќи на ризик и пари, предупредува да одбегнувате непотребни трошоци и подигнување на кредит. Обрнете повеќе внимание на правните аспекти на договорот.

СТРЕЛЕЦ

Позицијата на Меркур, владетел на астролошкото поле на љубовта и поврзаноста со Уран, најавува можност за соработка со лица од странство. Чувајте ги вредните предмети.

ЈАРЕЦ

Аспектите помеѓу вашите владетели Сатурн и Уран и Меркур, ви донесуваат неочекувана понуда за соработка со лица од странство или заминување на стручно оспосоување надвор од земјата, особено ако сте млади.

ВОДОЛИЈА

Меркур, симболот на бизнис, под влијание на вашите владетели, Уран и Сатурн, планетите на контакти со странци и минатото, предвидува можност за добивање понуда за некоја нова исплатлива работа.

РИБИ

Благодарение на аспектот меѓу Меркур, владетелот на куќата на партнерски односи и Сатурн во куќата на кариера, можете да се најдете пред донесување на одлука за соработка со некогашни деловни партнери.