МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ОД 23 ЈАНУАРИ ДО 19 ФЕВРУАРИ: На Овнот му цвета љубовниот живот, Скорпијата лесно ги постигнува деловните цели

LinkSense.mk

Дознајте што предвидува вашиот месечен хороскоп за периодот што претстои, од 21 јануари до 19 февруари, што ве очекува на работа, во љубовта, дали ќе се разбирате со семејството, како ќе ве служи здравјето…

Овен (21.3 – 20.4)

Работа

Вистинско време е некои деловни идеи да се разлизираат, доаѓаат бројни решенија. За спремно да ги дочекате новитетите, неопходно е во се да ја пронајдете вистинската мерка. Надарени сте со леснотија да спроведете ред и дисциплина, но мора да прифатите дека околу вас има и луѓе на кои вашиот модел на однесување не им се допаѓа. Ако доследно се држите до вашите планови и намери, секоја пречка лесно ќе се надмине. Без разлика на сите поволности овие денови, нека не ве понесе нереален оптимизам и еуфорија.

Љубов 

Во наредниот период можна е понуда за брак или ново романтично познанство. Љубовта добива на сила. Ако сте од порано во врска, ова е моментот кога е потребно се да обликувате. Доколку, пак, од неодамна сте во романса, ви се отвара прилика, преку изразена емоционална интеракција со интересна личност, да дојдете до сосема нови искуства. Од вас зависи како ќе се развиваат работите, другата страна е подготвена за искушенија.

Здравје

Болки во грлото.

Бик (21.04 – 21.5)

Работа

Придавате преголема важност на она што чувствуваат другите луѓе. Тоа ве изложува на повеќе погледи отколку што сте спремни да поднесете. Ве обзема напнатост, со која тешко се справувате, а следува сериозен пад на енергијата. Ако им дозволите на соработниците да ги истакнат своите способности и со тоа да ја засенат вашата улога во функционирањето на целиот систем, можете да избегнете сериозни конфликти, а патем и да научите нешто ново за себе што до сега не сте го знаеле. Покрај ова, се отвара потребата да научите нешто ново што ќе ви биде од голема корист.

Љубов

Ова е период во текот на кој ќе бидете во центарот на вниманието, без разлика дали се работи за сакана личност или членови на вашето потесно семејство. Во прв план се вашата посветеност и одговорност. Иако на овој начин се полните со енергија, бидете внимателни за кого се жртвувате за да не биде залудно. Можни се измами и заблуди, особено од страна на луѓе кои од вас бараат услуга или поддршка која за вашиот однос, до сега, е невообичаена.

Здравје

Болки во грбот.

Близнаци (22 мај – 21 јуни)

Работа

За вас ова е период на голема борба на која полека и се наѕира крајот. Ситуацијата може да ја свртите во ваша корист доколку во својата работа се занимавате со нешто што е креативно и за што е неопходна мечта и чувство за убавина. Сè друго може да биде изложено на компликации кои нема да се решат до догледно време. Нема причина за голема грижа, бидејќи кога сè ќе помине, ќе пристигнат посреќни денови, а со нив и голема разрешница и професионална победа. За да ги надминете сите напнатости, неопходно е да донесете важна деловна одлука која долго време ја одложувате.

Љубов

Ја преиспитувате ситуацијата и водите напорни разговори со саканата личност. Можно е да дознаете нови детали кои, досега, не сте ги согледале. Склони сте да преувеличувате сè, вклучително и проблемите. Бидете внимателни во поглед на сопствените очекувања, нереалните надежи ве водат до разочарување. Доколку бидете самокритични и искрени кон партнерот, но и кон себе, вашата романтична блискост ќе биде зацврстена. Пазете се од лаги.

Здравје

Несоница.

Рак (22.6 – 22.7)

Овој месец ќе ги зацврстите сите свои деловни позиции. Притисокот на кој сте изложени ве инспирира и поттикнува да се препуштите на сопствените проценки и на креативен начин да го уредите својот живот. Иако долго чекавте да се наредат коцките на овој начин, останете присебни и трпеливи уште некое време. Вистина е дека доаѓаат промени, и вие тоа многу добро го чувствувате, но потребно е да почекате уште малку време и да не брзате со донесување одлуки. Ако, сепак, се препуштите на моменталната еуфорија, извесни се одредени превиди со кои се ќе доведете во прашање.

Љубов

Вашето напнато расположение се одразува на односот со саканата личност. Сакате да се чувствувате сигурно, но не успевате во тоа. Наскоро ќе има извесно поместување во љубовните односи, но вие и понатаму ќе се чувствувате нецелосни. Ако знаевте што сакате, проблемот ќе беше решен. Свесни сте дека се наоѓате во некоја фаза, но не сте сигурни дали добро ја разбирате. Не ја оптоварувајте саканата личност со вашите стравови затоа што тие, овие денови, се премногу мрачни.

Здравје

Стомачни проблеми.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа

Повикани сте да разрешувате проблеми и конфузија во животот на некој кој зависи од вас, а со кој сте и деловно поврзани. Луѓето се потпираат на вашата практичност и оперативност, но и на интуитивниот дел на личноста кој понекогаш делува како во секој момент да знае што е најпаметно да се направи. Вашата чувствителност, овие денови, не работи за вас, бидејќи можеби ќе ви се прикачат луѓе кои не можат да се пофалат со најчесни намери. Време е да се соочите со вистината и околностите околу себе да ги согледате на реален начин.

Љубов

Полето на партнерските односи е оптоварено и некако конфузно. Времето го трошите во залудни разговори со кои на саканото лице му објаснувате нешто, а тоа како да не ве слуша. Дозволете ѝ на другата страна да остане на своите ставови и дајте и време сама да се увери колку нејзините очекувања се преголеми. Вашата визија за реалноста може да биде непријатна за секој што не ве познава добро. Вистинското решение ќе биде видливо само кога дополнително ќе се потрудите.

Здравје

Пазете се од вируси.

Девица (23.8 – 22.9)

Работа

Размислувате за позитивниот исход на се и со оптимизам се браните од мрачните стравови кои, одвреме-навреме, ве обземаат. Додека во работата стагнирате, време е да ги присоберете и да направите нова финансиска конструкција со која ќе добиете на време. Сеедно дали е дали е во прашање заем или кредит, овие денови на некој начин се занимавате со минатото. Ова нека не ве загрижува премногу, затоа што во прашање е деловно затишје пред голема активност што ќе се случи веднаш штом теренот на вашиот професионален живот ќе се расчисти.

Љубов

Вашата емотивна врска може да биде сериозно разнишана доколку не водите сметка што зборувате. На вас останува да ја сочувате тајната што, според вашето мислење, не е нешто што треба да се крие. Сепак, ако другата страна инсистира да останете дискретни, на вас е само да го прифатите тоа, а да не судите за тоа дали е правилно или не е. Овој месец е во знакот на потенцијална љубовна криза која може да настапи ако бидете невнимателни.

Здравје

Можни се аритмии.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа

Иако е добро време за идеи, ова е време кога сте опкружени со луѓе кои не ги исполнуваат своите ветувања. За да избегнете компликации, треба да сте вооружен со трпение, да бидете трпеливи. Духовните и интелектуалните дисциплини ви се во преден план, тоа е она што ве лекува. Користете ја вашата интуиција за да воочите чии идеи се претерани и неискрени и инсистирајте на конкретни аргументи и факти во секој дијалог. Може да се каже дека пред вас е месец со многу динамика, но малку реална реализација.

Љубов

Ова е време на тешки емотивни предизвици и потреби да се стабилизира љубовниот живот. Како што ќе изминува месецот, така и вашата љубовна ситуација ќе се стабилизира. Доколку сте желни за излегувања и обиколка на културни случувања, ова е вистинско време кога саканата личност, со леснотија, ќе ја убедите на каква било акција од тој вид. Атмосферата на заведување е во воздухот, имате целосна контрола над ситуацијата, на вас е само да го направите првиот чекор.

Здравје

Проверете го крвниот притисок.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Работа

Во одлична форма сте, па имате шанса со леснотија да ги постигнете своите цели. Иницирате планови за промена на начинот на живот, можно е тоа да е нешто што претходно сте го планирале, но не сте биле во прилика да го реализирате. Околностите, во одреден момент, ќе се променат, ќе откриете нови начини како да ги достигнете своите цели. Имате помош од соработници, но не се занесувајте со идејата бесплатно да ја добиете поддршката. Луѓето имаат мотивација да ви помогнат, но долговите можат да бидат непријатни, ако адекватно не се реванширате.

Љубов

Ве мачи недовербата. Ова не е затоа што вашата сакана ве лаже или крие нешто, туку се работи за вашите нереални очекувања од кои не можете да се ослободите. За да избегнете можни непријатности неопходно е, во овој период, да ги сведете очекувањата на минимум и, пред да ги побарате причините за вашето незадоволство кај партнерот, тоа исто да го дефинирате кај себе. Не заборавајте дека со потенцијалната љубомора откривате многу слабости за себе кои, можеби, подобро би било да не ги покажувате.

Здравје

Проблеми со кожата.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа

Идеално време е на поквалитетен начин да ја организирате својата деловна секојдневица. Иако е добро време за интелектуална работа, како што се комуникацијата или некој вид маркетинг, вашето внимание се троши поради несигурни соработници или нецелосни информации. Без разлика на тоа, бидете сигурни дека вашиот труд не е залуден, иако за резултатите ќе треба да почекате малку подолго од она што сега го проценувате. Освен тоа, овој месец е добар за помош на други луѓе кои се во неволја, како дома така и на работа.

Љубов

Безуспешно се обидувате да ги одредите условите под кои вашиот љубовен живот понатаму ќе се развива. Пред вас е нова животна фаза, барем кога се во прашање емотивните односи. Саканото лице може да покаже потреба за слобода или да иницира промени во начинот на кој функционира вашата врска. Ако ги прифатите промените и покажете дека сте флексибилни и подготвени за компромиси, вашата врска може да опстане. Во спротивно, очекувајте компликации и проблеми.

Здравје

Пазете се од повреди.

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа

И понатаму се ви се сведува на чекање. Информациите што ги добивате можат да бидат лажни, а луѓето кои нешто ви ветуваат недоверливи и неодговорни. Најдобро е ова време да го искористите за зацврстување на постоечките позиции, особено ако тоа ги вклучува вашите финансии. Доколку преземете иницијатива и сите активности ги организирате исклучиво во сопствена режија, успехот може да биде извесен. Ако, пак, други луѓе ви ги наметнат своите идеи, сметајте на загуби. Не заборавајте дека само вие најдобро знаете што ви треба.

Љубов

Љубовните односи ви се, некако, во втор план. Фокусирани сте на друго нешто. Таквиот начин на функционирање во љубовната врска, долгорочно, се заканува да прерасне во обично пријателство кое на крајот завршува со разидување. Без разлика на тоа што во моментов ова ви изгледа прифатливо, добро размислете дали ваквите приоритети ви се исправни. За да добиете љубов и пријателство во исто време, неопходни се блиски средби и искрени разговори.

Здравје

Проблеми со очите.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа

Блокирани сте затоа што очекувате реализација на нешто за што знаете дека е сигурно, но никако да се случи. Доколку вашиот бизнис на кој било начин е поврзан со недвижности, ова е период за нивна купопродажба, прилив на пари и инвестиции. Бидете внимателни, еден погрешен потег може, долгорочно, значително да ве поремети. Пред да потпишете било што, двапати проверете ги сите детали за да избегнете превиди и грешки кои подоцна би било тешко да се поправат. Во својата работа искористете ја професионалната помош од службени лица.

Љубов

Ќе воспоставите контакт со личност која доаѓа од далеку. За оние кои се веќе во љубовна врска ова е вистинско време за заедничко патување или некој друг вид на активност која ги проширува досегашните ограничувања. Расте вашата самодоверба, опкружени сте со луѓе кои се пријателски наклонети како кон вас така и кон вашиот партнер. Иако атмосферата е добра, внимавајте кому му се доверувате и чии тајни ги чувате, за да не се случи една личност со сомнителна намера да ве воведе во проблеми.

Здравје

Посетете стоматолог.

Риби (20.2 – 20.3)

Работа

Во текот на овој период може да ве следи неповолен тренд. Позитивното размислување може да ви ја олесни ситуацијата, особено ако сте креативни во работата. Сепак, како што ќе одминува времето, комуникацијата ќе биде се подобра затоа што за се, без разлика што се случило, ќе го наоѓате идеалното решение. Бројните недоразбирања, со кои овие денови ќе бидете оптоварени, нема да остават трајни последици на вашата деловност. Прифатете дека не зависи сè од вас и препуштете им ги на другите луѓе оние проблеми кои не ви припаѓаат вам.

Љубов

Во овој период сите лажни надежи или претерани очекувања мора да се исправат. Во основа, долговите кои што ве притиснале ве туркаат да се свртите кон вистинските вредности, семејниот живот и односот со саканата личност. Покажете благодарност, но не се изјаснувајте отворено, затоа што нема да бидете сфатени на вистински начин. Саканото личност сака да види конкретни дела и да не слуша теорија за тоа што би сакале да остварите.

Здравје

Чувајте ги нозете.