Меси ќе „одмара“ четири натпревари

Лионел Меси доби забрана за настап на следните четири официјални натпревари на аргентинската репрезентација, соопшти светската фудбалска федерација (ФИФА).

Одличниот крилен напаѓач ќе ги пропушти средбите против Боливија, Уругвај (на гости), Венецуела и Перу (дома) во квалификациите за Светското првенство (СП) в година, што значи дека има право за настап само на последниот меч од циклусот.

Причина за казната е навредата која Меси ја упатил кон помошен судија на квалификацискиот натпревар против Чиле.

Познавачите на фудбалот сметаат дека отсуството на првата ѕвезда на „гаучосите“, ќе ги загрози шансите на неговата селекција за пласман на Мундијалот.

Аргентина се наоѓа на третото место на табелата во квалификациите во Јужна Америка по 13 одиграни кола, но има само два бода повеќе од шестопласираниот Чиле, кој не е на позиција што носи учество на СП.

Аргентина вечерва ја пречекува Боливија.