Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Место арбитража сè уште се претпочита судски начин за решавање на стопанските спорови
Македонија

Место арбитража сè уште се претпочита судски начин за решавање на стопанските спорови

мај 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

И покрај тоа што арбитражата е еден од најдобрите и најбрзи начини за решавање на стопанските спорови во нашата држава компаниите сè уште недоволно ја користат како можност, бидејќи го претпочитаат судскиот начин за решавање, велат од Постојаниот суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија.

Оттаму посочуваат дека оваа практика полека се менува во позитивна насока, а тоа го покажува и бројот на предмети заведени пред Арбитража, кој бележи тренд на пораст во последните години. Додаваат дека оваа институција има кадровски капацитет и техничка опременост да опслужи и до 10 отсто од вкупниот број трговски спорови.

Статистичките податоци од работењето на Арбитража покажуваат дека во земјата речиси еднакво се поведуваат арбитражни постапки со и без меѓународен елемент. Во изминатите две години 54 отсто од постапките поведени пред Постојаниот избран суд – Арбитража биле спорови со меѓународен елемент, додека, пак, 46 отсто биле внатрешни спорови.

Една од главните предности на арбитражната постапка е ефикасноста, бидејќи во просек трае од шест до девет месеци.

-Во последните години има тенденција на скратување на времетраењето на арбитражните постапки заведени пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, при што ако во 2017 година просечното времетраење на арбитражните постапки изнесувало 208 дена, во 2018 година просечното времетраење на постапките изнесувало 186 дена или приближно шест месеци, посочуваат оттаму.

Домашна фирма успеа да наплати побарување во вредност од речиси осум милиони евра од австриска компанија

Домашна фирма пред неколку години успеала да наплати побарување во вредност од речиси осум милиони евра од австриска компанија, по арбитражна постапка што се водела пред Постојаниот суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија и што заврши за помалку од девет месеци.

Специфичноста на случајот, како што велат од Арбитражниот суд, е што непосредно откако компанијата го намирила своето побарување, над австриската компанија била отворена стечајна постапка, при што најголем дел од останатите домашни компании што соработувале со австриската компанија и што воделе судски постапки за намирување на нивните побарувања (затоа што немале предвидено арбитража како начин на решавање на нивните спорови), поради отворањето на стечајната постапка, во најголем дел останале ненамирени.

-Примерот само ја покажува важноста на соодветното уредување на начинот на решавање на споровите и како арбитражата со својата ефикасност може да придонесе за унапредување на деловното опкружување, истакнуваат од Арбитражниот суд.

Арбитражна одлука по своето правно дејство e изедначена со правосилна и извршна судска одлука

-Споровите заведени пред Арбитража завршуваат со одлука, која е обврзувачка за странките и во отсуство на доброволно исполнување на обврските може да се извршува по присилен пат, односно одлуката донесена во арбитражната постапка се изедначува со правосилна судска одлука и претставува основа за присилно извршување. Во арбитражната постапка нема можност за поднесување жалба како правен лек, велат од Арбитражниот суд.

Ваквиот едностепен режим на арбитражата, како што посочуваат, се оправдува со фактот што Арбитражниот суд се конструира како резултат на волјата на странките кои самостојно ги именуваат арбитрите во спорот, поради што арбитражата ужива доверба.

Воедно арбитражното право предвидува поедноставен режим за признавање и извршување и на странските арбитражни одлуки во странство. Притоа, ова се однесува на државите договорнички на Конвенцијата за признавање и извршување на странските арбитражни одлуки (Њујоршка конвенција), при што станува збор за голем број (околу 150) држави договрнички.

Арбитражната постапка е значително поекономична од судската

Трошоците во арбитражната постапка се определуваат во согласност со Правилата за трошоците во постапката пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија во зависност од вредноста на предметот на спорот, составот на арбитражниот суд, бројот на странките во постапката, како и дали станува збор за спор со или без меѓународен елемент.

Арбитражата се разликува од редовната судска постапка по тоа што трошоците се плаќаат авансно однапред од страна на тужителот, при што висината на авансот на трошоците на постапката, врз основа на Правилата за трошоците во постапката, ја одредува претседателот на Арбитражата.

На чиј товар ќе бидат трошоците на арбитражата се одлучува во конечната одлука, при што ако странките не договориле поинаку, трошоците на постапката ќе биде должна да ги поднесе странката која го изгубила спорот, а во случај тужбеното барање да е делумно усвоено, трошоците ги плаќаат двете странки, сразмерно усвоениот, односно одбиениот дел од тужбата.

Ако се земат предвид едностепеноста и концентрацијата на арбитражната постапка, таа може да се покаже како значително поекономична од судската постапка.

арботража ефиканост начин судски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.