Меѓународна балканска конференција за музичко–балетското образование

Меѓународна балканска конференција на тема „Состојби и перспективи во музичко–балетското образование“ ќе се одржи од денеска до 25 октомври во Скопје во организација на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“.

На конференцијата ќе се разгледуваат специфичните практики и прашања од областа на професионалната музичко–балетска едукација.

Ќе учествуваат музичко–балетското педагози од Словенија, Хрватска, Србија, Австрија, Англија, Бугарија, Косово и С.Македонија.

Меѓународна балканска конференција е реализира со поддршка на Министерството за култура и Министерството за образование и е дел од активностите на ДМБУЦ „Илија Николовски–Луј“ за одбележување на 75 годишниот јубилеј од основањето на училиштето.