Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик–извор на научни истражувања (дома и надвор)“

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик–извор на научни истражувања (дома и надвор)“, ќе се одржи денеска во Амфитеатарот на Институот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

На конференцијата ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а ќе присуствува и министерката за образование и наука Мила Царовска.

Најавено е обраќање и на директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, како и на претседателката на Меѓународниот организациски одбор на конференцијата, Лидија Тантуровска.

По обраќањата ќе биде промовиран и Зборник од минатогодишната Меѓународна конференција.