Пратениците на парламентарното мнозинство треба да бидат похрабри при конституирањето на новото парламентарно мнозинство, вели потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити во интервју за Алсат М.
Меџити истакна дека ДУИ го затворила поглавјето со ВМРО-ДПМНЕ, која, според него, тешко ќе најде коалиција кај Албанците ако продолжува со поттикнатата реторика во меѓуетничките односи.
„Субјектите кои го прават новото парламентарно мнозинство да влезат храбро бидејќи, на крајот на краиштата, Македонија е парламентарен систем, нема нешто над парламентот и одлуката на граѓаните. Има доволно 67 пратеници, треба да се оди храбро кон избирање на претседателот на Собранието, конституирањето на органите на Собранието и формирањето на владата“, рече Изет Меџити
Меџити посочи дека сфаќа дека не е лесно. Вели дека ако нешто сфатиле граѓаните е дека не било лесно соочувањето со ВМРО-ДПМНЕ и со оваа раководна структура. А, тоа го сфатила и меѓународната заедница.
„Ова е уништување на демократијата, задушување на демократските процеси, пуч кон државните институции и мислам дека тука веќе нема никаква причина за да се слуша оваа реторика на ВМРО ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не може да прави коалиција со албанските партии, туку со оваа националистичка реторика се доведува во опасност да се изолира целосно во среднорочно и долгорочно од албанските политички субјекти“
Меџити е уверен дека поглавјето со ВМРО-ДПМНЕ е затворено.
„Јас мислам и убеден сум дека е затворено. Не сакам ниту да размислам за друга алтернатива затоа што другата алтернатива би била фатална за ДУИ и за доброто на Албанците во Македонија“.







