Милион морски птици угинаа над Тихиот Океан

Над милион морски птици угинаа над Тихиот Океан за помалку од 12 месеци, а експертите наведуваат дека за тоа е виновна топлата вода од океанот.

Во период од летото 2015 година до пролетта 2016 година угинале од глад околу милион тенкоклунести норки, а нивните безживотни тела морето ги исфрли на западниот брег на Северна Америка, од Калифорнија до Алјаска.

Научниците велат дека причината за смртта на птиците е огромната струја на топлата океанска вода која се појавила на североисточниот дел на Тихиот Океан, што се нарекува дамка.

Многугодишниот интензивен бран на морска топлина започна во 2013 година, а се засили за време на летото 2015 година поради моќниот временски феномен наречен Ел Нињо, кој траеше до 2016 година.

Топлотниот бран создаде дамка, односно океанско подрачје големо 1.600 километри, кое било потопло за три до шест степени Целзиусови.

Гребенот под висок притисок ги смири океанските води, што значи дека водата останала топла – без бурите која би и помогнале да се олади.

Тие неколку степени повеќе предизвикале пустош во морскиот екосистем, што довело до намалување на микроскопските алги со кои се хранат многу животни, од шкампи до китови. Од друга страна, започна и масовно цветање на штетни алги кои предизвикуваат смрт на многу морски организми.

И на источниот брег на Нов Зеланд се појавила дамка толку голема што може да се забележи од универзумот. Зафаќа еден милион квадратни километри, што е област поголема од Тексас.

Многу ретко може да се забележи дамка од топла вода во океаните на толку голема површина. Научниците велат дека глобалните климатски промени ги прават овие појави сè почести.