Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ

мај 26, 2026

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
  • Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Вучиќ вчера  ја потврди својата намера да се повлече од претседателската функција,
  • Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО
  • „Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево
  • Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата
  • Влен: Борбата против финансиската експлоатација на граѓаните станува реалност
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
Автор

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најновото истражување на туристичката агенција „Беркшир хатавеј травел протекшн (Berkshire Hathaway Travel Protection) ги открива најбезбедните земји за патување во 2026 година. Станува збор за годишна ранг-листа која веќе десет години ги анализира државите според нивото на безбедност за туристите, при што се земаат предвид политичката стабилност, инфраструктурната развиеност, како и стапката на криминал.

Според експертите, на врвот на оваа листа се наоѓаат држави кои важат за мирни и стабилни дестинации, но секоја од нив има и специфични карактеристики на кои туристите треба да обрнат внимание.Годинава, за најбезбедна туристичка дестинација е прогласена Холандија. Според анализата, земјата се издвојува по големата безбедност за жени, ЛГБТ заедницата и туристи од различно потекло. Сепак, во поголемите градови, особено во Амстердам, најголем предизвик за посетителите претставуваат велосипедски патеки со интензивен сообраќај.

На второ место е Австралија поради ниската стапка на криминал и стабилниот општествен систем. Сепак, туристите се предупредуваат да ги почитуваат строгите правила за влез во земјата, особено во однос на внесување храна од растително и животинско потекло. Дополнително, се нагласува и потребата од внимание поради специфичната флора и фауна, каде одредени животни можат да претставуваат ризик доколку не се почитуваат безбедносните препораки.

Меѓу државите, Австрија за првпат се најде меѓу водечките безбедни дестинации, што се припишува на стабилната политичка состојба и добро организираните институции. Сепак, експертите советуваат дека повремени протести може да претставуваат ризик, поради што се препорачува внимателност.

Следна држава е Исланд која со години важи за една од најбезбедните земји во светот, но оваа година бележи благ пад на ранг-листата поради зголемена вулканска активност, која повремено влијае врз авионскиот сообраќај и туристичките рути.По неа доаѓа Канада која се смета за една од најстабилните држави со многу ниска стапка на криминал и развиени јавни сервиси. Сепак, во поголемите урбани средини се препорачува внимателност поради можни мали кражби и безбедноста на возилата.

На листата се најде и Нов Зеланд познат по својата природна убавина и мирна атмосфера, но туристите се советуваат да бидат внимателни при посета на планински и авантуристички локации, каде условите можат да бидат непредвидливи без соодветен водич.На седмо место е Швајцарија која важи за една од најсредените и најбезбедните земји во светот, но експертите предупредуваат дека најголемите ризици се поврзани со природни појави како лавини и нагли временски промени во алпските региони.

Веднаш по неа е Јапонија која е меѓу земјите со најниска стапка на криминал, но туристите треба да внимаваат на строгите мерки поврзани со внесување лекови и други производи, кои можат да бараат посебни дозволи.На последно место од листата е Ирска која се издвојува по високото ниво на безбедност и стабилна општа состојба, но експертите предупредуваат дека туристите кои не се навикнати на возење по левата страна на коловозот треба да бидат дополнително внимателни во сообраќајот.

 

Фото: ЕПА

актуелно држава нејбезбедна патување холандија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ

мај 26, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.