Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Минатата недела намален број починати и новозаболени од Ковид-19, но дневно се уште високи бројки
Македонија

Минатата недела намален број починати и новозаболени од Ковид-19, но дневно се уште високи бројки

декември 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За 10,7 отсто е намален бројот на починати од Ковид–19, а за 4,2 отсто е намален бројот на новозаразени, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември од тестирани 17.456 материјали во лабораториите.

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа, регистрирани се нови 1120 случаи со Ковид–19, починати се 28 пациенти, а оздравени се 916.

Најголем број од новозаболените, починатите и од оздравените се од Скопје.

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 1296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид – центрите, информира Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 69452, бројката на оздравени пациенти е 45621, на починати е 1977, а бројот на активни случаи изнесува 21854.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека компанијата „Фајзер“, која произведува вакцина за Ковид–19, одговорила на дописот на Министерството за здравство дека може да отпочнат директни преговори за набавка на вакцина од компанијата производител.

Филипче рече дека нашата земја освен набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, стапи и во директна комуникација со „Фајзер“ и „Астра Зенека“ за набавка на дополнителна доза вакцини за вакцинација и ревакцинација на граѓаните.

– Оваа недела очекуваме одговор и од „Астра Зенека“, што ќе значи дека преку овој механизам со директна комуникација со комапаниите производители ќе преговараме за да обезбедиме дополнителна количина на вакцини. Третиот механизам, е преку земјите членки од ЕУ, заради тоа што во нивните договори освен за нивните граѓани, имаат една количина која е наменета за останатите земји кои не се членки на ЕУ, посочи Филипче и додаде дека ќе се вакцинира.

– Верувам во вакцината, таа е безбедна, ние го следевме процесот на развој и сите фази од клиничките студии. Вакцината ќе ја промени сликата со пандемијата, ќе го подигне имунитетот на населението насекаде во светот, а животот ќе се врати во нормала. Искрено верувам дека следната есен, следната Нова Година нема да има потреба за мерки никаде во светот, нема да има рестрикции и дека ќе им се вратиме на нашите животи такви какви што беа пред Ковид–19, рече Филипче.

Тој смета дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници и апелираше да се почитуваат мерките. Најави дека ќе дискутираат за евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе.

-Мислам дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници. Зошто? Заради тоа што веќе имаме така добро димензионирани мерки, доколку се почитуваат даваат резултати и тоа впрочем се случува. Ние гледаме намалување на факторот на преносливост, на бројот на болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но, евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе тоа е тоа за што ќе дискутираме, рече Филипче во телевизиско гостување.

Прашан за лекувањето, министерот Филипче посочи дека имало претпоставка оти многу лекови помагаат за оваа болест.

-Многу лекови беше претпоставка дека помагаат за оваа болест. Прво, многу е битно да се знае дека нема еден специфичен лек којшто помага само за овој тип на коронавирус, односно за Ковид –19 и се што значи лекување е практично комбинација на лекови коишто биле креирани за други болести, на пример за ебола тој лек итн., а коишто се даваат врз основа на клиничката слика, односно манифестацијата на болеста. Осумдесет отсто од пациентите имаат лесна клиничка слика, меѓутоа тие што имаат комплицирана имаат навистина тип на клиничка слика или комбинација на презентација од страна на повеќе органски системи каде што досега не се видело. И во таа смисла јасно е како се одредуваат, кои се постапките како еден лек се утврдува дека е за една болест, клинички студии итн, потенцира Филипче.

Според него, тешко е да се каже што може да очекуваме во периодот којшто е пред нас. Потсети на првичните предвидувања дека ќе трае колку една респираторна епидемија, па дека ќе го снема вирусот за време на летните месеци и додаде оти тоа не се оствари.

Филипче нагласи дека задача и цел на сите здравствени системи, како и на нашиот, е да бидат подготвени да пречекаат голем број на пациенти со Ковид–19, за да може да се хоспитализираат.  – Се реорганизиравме целосно да обезбедиме болнички кревети, кадар со соодветна експертиза, да има доволно лекови и ние тоа го правиме, рече Филипче.

Посочи дека слободни кревети има во секој момент.

– Апсолутно за секој пациент на кој му е потребна хоспитализација има слободно место. Но, точно е дека видовме одреден број на пациенти кои доцна доаѓаат во болница.

Имавме случаи во кои имале јасни предупредувања и индикација од матичните лекари дека е потребна хоспитализација, едноставно не доаѓаат луѓето на прием во болница.

Понатаму, луѓе кои дури доцна доаѓаат и кај матичниот лекар, со сатурација на кислород од 20 до 30, а нормално треба да е над 96-97 на првиот ден, рече Филипче и додаде дека се уште има луѓе кои не веруваат во постоењето на вирусот.

актуелно Ковид-19 минатата намален број недела новозаболени починати
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.