Министерката за култура мора да оди на распит во Обвинителство

LinkSense.mk

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство работат на идентификување на учесниците во насилните протести од четвртокот минатата недела во Собранието на Македонија во кои беа повредени пратеници, новинари, сниматели и лица вработени во Собранието.

Дел се препознаени и против нив се поднесени кривични пријави, а за дел од нив кои беа со „фантомки“ на глава во тек е истрага за утврдување на нивниот идентитет.

Со оглед на низа фотографии кои излегоа на социјалните мрежи повеќе од веројатно е дека насилниците се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

На една фотографија, министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, е во пријателска прегратка со еден од насилниците со „скриен идентитет“.

Тоа упатува на фактот дека таа знае кој е маскираниот.

betka 112

betka 111-1

За утврдување на името и презимето на учесникот во нередите и претепувањето на пратениците МВР и Основното јавно обвинителство можат, а и мораат, да ја повикаат Канческа Милевска да го идентификува маскираното лице.