Министерот Филипче поднесе оставка од морални причини

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на прес-конференција соопшти дека од морални причини поднел оставка на функцијата по пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Последната трагедија во тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства, Нема зборови што можат да го опишат ниту начин да се надоемсти загубата. Како лекар и министер денеска од морални причини понудив писмена оставка до премиерот, истакна Филипче на прес-конференцијата во Владата.