Минск ги испразни камповите на границата со Полска

LinkSense.mk

Белоруските власти денеска ги испразнија главните кампови во кои мигрантите се собираа на границата со Полска.

Новинската агенција Белта јави дека мигрантите кои се засолнија во шумата се донесени во камп во Белорусија, далеку од границата.

Портпаролот на полските гранични стражи потврди дека камповите се испразнети.

„Овие кампови се сега празни, мигрантите најверојатно се одведени во транспортно-логистичкиот центар којшто се наоѓа недалеку од граничниот премин Брузги“, рече полскиот портпарол.

Нема други вакви кампови, но во текот на денот во неколку наврати на други места се појавуваа групи кои се обидуваа да ја преминат границата. Ќе видиме што ќе се случи во следните часови. Сеуште има луѓе во близина, но очигледно се празни“, истакна тој.

Европските земји ја обвинуваат Белорусија дека намерно ја направи кризата така што доведе мигранти од Блискиот исток и ги поттикнувала илегално да ја преминат границата со Полска и Литванија.

Минск демантира дека намерно ја поттикнал мигрантската криза.