Мирор: Барселона е подготвена да го продаде Меси на Манчестер Сити за 280 милиони евра

„Барселона е подготвена да го продаде напаѓачот Лионел Меси во Манчестер сити. Шпанците бараат 280 милиони евра од Британците за 33-годишниот Аргентинец“, пренесува „Mirror“.

Барселона е исто така подготвена да разгледа опција со размена на играчи и дополнително плаќање од англискиот клуб.

Претходно Меси и соопшти на Барселона за желбата да си замине.

Меѓу кандидатите за негов следен клуб се и Интер, Јувентус и ПСЖ.

Меси целата своја досегашна кариера ја помина во Барселона за која
дебитираше во 2004 година.

Аргентинецот ја освои „Златната топка“ шест пати.