Мистерија во Северна Кореја: Која е црната жена што го придружува Ким Јонг Ун?

LinkSense.mk

Мистериозна жена со црна чанта се појавува во друштво на Ким Јонг Ун во последните месеци, што предизвикува големо внимание во јавноста. Таа секогаш се појавува во фустан со едноставен крој, со наочари и црна чанта, а нејзиниот идентитет засега не е познат, пишува Гардијан.

Оваа жена беше покрај севернокорејскиот лидер на голем концерт на отворено, одржан минатата недела, а видена е и како носи папки во парламентот за време на говорот на Ким, во кој севернокорејскиот лидер вети дека никогаш нема да се откаже од нуклеарното оружје.

На видеата мистериозната придружничка се појавува покрај Ким, а понекогаш и далеку позади себе, но досега никој не ја идентификувал. Првпат била забележана во февруари, а се проценува дека има триесет или четириесет години. Се шпекулира дека можеби станува збор за некоја од роднините на Ким. Се верува дека севернокорејскиот лидер има најмалку две полусестри – Ким Сол Јонг и Ким Јун Јонг, и двете родени во 1970-тите.

НК њуз изјави дека Ким Сол Џонг, постарата полусестра, можеби „станала активна во партиското раководство зад сцената“, бидејќи многу малку се знае за неа.

 

 

 

 

 

(Фото: Гардијан)