Митревски: Јас сум претседател на ССМ!

Живко Митревски донеодамнешниот преседател на ССМ денеска на прес конференција ги обвини иницијаторите за негово сменување дека работеле нелегитимно и дека фалсификувале документи и се закани дека против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

„Наводниот претседател фалсификувал исправа, а за тоа знаеле четворицата грански опозициски настроени претседатели и министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Се што е направено, направено е со една единствена цел да се промени легитимно избран претседател и раководство на ССМ, изјави Митревски.

Министерката Ременски, обвинува Митревски, знаела за се што се случува во синдикатот. И дека документите, како што вели тој, биле фалсификувани, и дека не постоеле услови за седница на Советот на ССМ.

„Сите што учествуваа во процесот за моето нелегитимно менување ќе одговараат. Сите до еден ќе се соочат со кривични санкции“, дециден е Митревски.