Мит или стварност: Руска воена единица руши влади по светот

Американските медиуми тврдат дека западните разузнувачки служби откриле руска тајна специјална единица за дестабилизација на состојбата во Европа.

Дестабилизацијата во Молдавија, труењето на трговци со оружје во угарија, обидот за државен удар во Црна Гора и труењето на членовите на семејството Скрипаљ во Велика Британија – се се тоа алки во еден сиџир, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на податоци од разузнавачки служби.

„Иако операциите имаа отпечатоци на руските разузнавачки служби, властите на почетокот ги видоа како изолирани, неповрзани напади“, наведува американскиот весник, додавајќи дека западите специјали служи на крајот заклучиле дека сите тие операции, потецијално и многу други, се поврзаи една со друга и дека се дел од „координирана кампања за дестаилизација на Европа“ која повеќе од 10 години ја водат специјални единици на Главната разузнувачка управа (ГРУ) на Русија.

Според наводите во текстот, таа воена единица, подготвена за изведување на државни удари, саботажи и атентати, делува најмалку една деценија, иако западните разузнавачки агенции тоа го откриле дури сега.

Официјални лица од четири западни држави велат дека не е јасно колку често единицата се мобилизира и предупредуваат дека е невозможно да се знае каде нејзините оперативци ќе нападнат.

„Њујорк Тајмс“ потенцира дека целта а единицата „29155“, за која претходно не е известувано, покажува во колкава мера рускиот претседател Владимир Путин активно се бори против Западот со својот бренд, таканареченото „хибридно војување“, кој е мешавина на пропаганда, хакерски напади, дезинформации и отворени воени конфронтации.

„Заборавивме на фактот колку Русите можат да идат немилосрдни по својата природа“, ги пренесува весникот зборовите на Петер Звака, пензиоиран разузнувач и поранешно воено аташе во Амбасадата на САД во Москва.

Исто така, во текстот се наведува дека единицата „29155“ е сместена зад бетонските ѕидишта во седиштето на Центарот за специјална обука во источниот дел на Москва и дека меѓу членовите се ветерани од војните во Авганистан, Чеченија и Украина, а нивните активности се спроведуваат во најголема тајност, така што и останатите агенти на ГРУ за нив ништо не знаат.

Меѓу соработниците на единицата „29155“, наводно, се и двајца Руси кои Лондон ги обвинува за труењето на таткото и ќерката Скрипаљ.

Генералниот директор на Институтот за регионални проблеми, Дмитриј Журављов, оценува дека тие наводи се неосновани и потсетува дека САД одамна се служат со методи а заплашување.

„Се сака да се дојде до заклучок дека Русија е винова за се. Митското размислување вклучува само две страни: добро и зло. Тие се како „царство на добра“, а ние како „царство на зла“, кое ги поткопува… Конкретните заплашувања ќе продолжат: ќе идат одржани изори во САД и ќе биде заклучено дека Русија повторно се мешала во нив. Ќе заплашуваат со се и сешто. Како што покажува историјата, ова не е прва студена војна на Западот“, заклучува Жураљов.

Полковникот на надворешната разузнавачка служба, историчар и писател, Михаил Љубимов, наведува дека ова е уште една кампања насочена против Русија, но и против американскиот претседатрел Доналд Трамп.

„Ова не го пишува некој жолт печат, туку еден од водечките американски весници. Тие се поврзани со демократите и тие водат кампања против Трамп. Следниот текст, најверојатно, ќе се однесува на некој Одделот на ГРУ кој ја дестабилизира Америка. Тоа е како анегдота врзана за избори во САД. Дури и да можеме да влијаеме на изборните резултати, тое дефинитивно не е начин како што тие го опишуваат. Ова е игра против Трамп, против неговите не баш убедливи обиди за сораотка со Русија. Зад ова дефинитивно стојат демократите и на овие приказни не треа да им се дава големо значење. На ваквите тврдења можеме само да се смееме“, вели полковникот Љуимов.

Тој е дециден дека пишувањата на „Њујорк Тајмс“ за тајната руска единица наменета за дестабилизација на Европа во најмала рака се „смешни“.

„Јас 25 години работев во специјалните служби и никогаш немало на дневен ред ваква задача. Тоа е апсолутно нереално. Немаме, ви тврдам, ниедна воена единица која се занимава со Европа“, заклучува Љубимов.