Мицкоски: Архиепископот Стефан и Синодот ја имаат мојата поддршка

LinkSense.mk

Лидерот на опозицијата потоа ја поздрави одлуката на вселенскиот патријарх и истакна дека наскоро очекува МПЦ да добие автокефалност
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната посета во скопската општина Аеродром одговараi о на новинарско прашање за односите помеѓу МПЦ и СПЦ, кои после половина одржуваат заедничка литургија, рече дека лично, Архиепископот Стефан ја има неговата недвосмислена поддршка за секој чекор кој што го презема, исто како и останатите владици во Синодот.

„Ја користам оваа прилика да упатам порака до сите православни верници да се обединиме околу МПЦ-ОА. Јас сум свесен, како многу пати во минатото и вековите наназад, дека ќе имаме луѓе кои ќе сакаат да направат поделба, кои ќе шират скептицизам, недоверба, свесен сум дека тие луѓе се под жестоко влијание на оние сили на кои што не им одговара македонско единство, кои не им одговара обединување околу Синодот на МПЦ. Ние мораме како народ да се обединиме овојпат, ние мораме да бидеме паметни, не смееме да дозволиме надворешни фактори да нѐ разделуваат“,изјави Мицкоски.

Лидерот на опозицијата потоа ја поздрави одлуката на Вселенскиот Патријарх и истакна дека наскоро очекува МПЦ да добие автокефалност.

 

МИА