Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски во интервју за ДВ: Нема време за губење
Македонија

Мицкоски во интервју за ДВ: Нема време за губење

јануари 18, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Интервју на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Дојче Веле

Треба да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел – одблокирање на патот кон ЕУ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со партискиот потпретседател Александар Николоски, заминува во мини дипломатска офанзива – на средби со политичари од регионот и Европа. Средбите се одвиваат во време кога на домашен план е прилично жешко – и во однос на законскиот предлог за пописот, и во однос на разговорите со Бугарија, од каде и натаму стигнуваат пораки кои задираат во идентитетски прашања. Со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговаравме за овие теми и за очекувањата од претстојните средби.

ДВ: Најавивте средби со повеќе политичари во рамките на пријателските односи со сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на Европската народна партија.Што Ве води кон Будимпешта и Љубљана во овој момент?

Христијан Мицкоски: Се работи за една, би рекол, мини дипломатска офанзива, која освен Будимпешта и Љубљана ќе го вклучи и Загреб. Сите овие посети се поврзани со партиите кои практично се сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската народна партија, но воедно тоа се и владејачки партии во земјите каде делуваат. Секоја средба има своја цел, но заедничко е тоа што на овие средби отворено ќе разговараме за блокираната европска перспектива на Македонија и можноста тие да помогнат во насока на придвижување кон европската иднина. Независно што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, сметам дека треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ. Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. А во меѓувреме, ако може да се исфрли предметот историја како посебна наука во образованието, зашто на тој начин се сака да се додвори до страната која бара многу повеќе од тоа, и се’ така да се вртиме во круг и подлабоко да тонеме во мочуриштето на власта.

Или пак, втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме, и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ. Притоа мораме да бидеме свесни дека сериозно како држава заостануваме во многу реформи. Четири години власта е во рацете на Заев, и четири години имаме тапкање во место, додека регионот и светот има достигнувања и напредоци. Нема време за губење. Ќе имам средба со Виктор Орбан кој е голем пријател на Македонија, но воедно, да не заборавиме, тој е и претседател на партијата од која доаѓа и комесарот за проширување Оливер Вархеји. Исто така ќе сретнам со словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој за помалку од 6 месеци како шеф на владата во Словенија ќе преседава со Европската Унија. Потоа продолжувам во Загреб, каде ќе имам средби со високи политички преставници од сестринската ХДЗ, која минатата година имаше убедлива победа на изборите. Освен за Европската унија и за помошта кои тие може да ја понудат, ќе разговарам и за искористување на економските потенцијали. Овие три држави мошне успешно се справија со економските последици од ковид-кризата, и не само економски, туку и здравствено. Сосема на крај да потенцирам дека една од целите е и потврдување на добрите односи и соработка кои ги имаме како ВМРО-ДПМНЕ со нашите сестрински партии и поддршката која меѓусебно си ја даваме.

ДВ: Деновивево фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е темата попис. Вашиот партиски портпарол на прес-конференција изјави дека „Заев ветил дека бројката на Албанциво земјава според пописот ќе биде над 32% од населението”. На што ги темелите ваквите тврдења, посочувајќи дури и конкретен процент?

Христијан Мицкоски: Темата попис власта ја направи политичка и тоа е последица поради две причини. Првата, поради тоа што не ја вклучи опозицијата на ниту еден начин да учествува во овој процес, туку напротив, ги одби сите наши предлози и суштински амандмани, триесетина на број. И втората причина е тоа што овој процес го турка на сила во услови кога многу поразвиени земји како Германија, Бугарија, Хрватска, Ирска, Шкотска пред се’ поради ковид-кризата ги одложија своите пописи. Значи отфрлањето на сите предлози, и нивното насилие како власт, нам ни дава легитимно право да се сомневаме во целите на пописот. И јас тука целосно свесен и за нашата одговорност, би бил многу внимателен во квалификациите и предвидувањата, но можам со сигурност отворено да се сомневам во резултатите на тој попис. И ве уверувам, доколку имаме ваков мафијашки попис, бројките и процентите ќе бидат прашање на декор. ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со процентите од пописот доколку тие бидат реални и израз на фактичката состојба, па какви и тие да биле, но имаме проблем со политички мотивираниот попис кој Заев го турка на сила. Нам ни треба фер и објективен попис, а секој треба да знае дека фалсификат попис кој, пред се’, треба да биде статистичка операција, граѓаните ги чини погрешни проекции за иднината и пари.

ДВ: Остануваат ли истите причини за сомнеж, кои ги наведувате во повеќе наврати? 

Христијан Мицкоски: Еве дел од тие причини зошто сметаме дека претстои фалсификат попис: Попишувањето е предвидено да биде завршено со едноставно диктирање на матичниот број. Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без притоа да покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти на Република Македонија? Постои сѐ уште институтот политички двоен потпис, што во превод значи едниот кадар на ДУИ, другиот на СДСМ ќе си се усогласат меѓу себе какви резултати да потпишат. Понатаму, велат дека попишаните матични броеви ќе бидат вкрстени со базите на податоци. Со кои бази на податоци? До овој момент, ниту една база на податоци не и’ е позната на македонската јавност, која што ќе биде користена. Власта одбива да се земаат податоци со отисок, а исти такви апарати за земање на отисок согласно постоечкиот закон треба да набават за локалните избори кои се неколку месеци по пописот. Понатаму, ќе се спроведува попис според методологија која што сѐ уште официјално не е излезена во Службен весник, зошто да одлучува Владата, а не, на пример, пратениците и Собранието, каде е присутна и опозицијата? И на крајот, кажете ми во која тоа држава пописот се турка без консезус помеѓу власта и опозицијата? Нема таков.

ДВ: Најавивте дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и заедно со граѓаните ќе поднесе иницијатива до подрачните единици на Министерството за правда, за собирање потписи за предлог закон со кој би бил поништен законот за попис што ќе го донесе парламентарното мнозинство. Што ако не успее таа иницијатива?

Христијан Мицкоски: Се’ уште законот не е донесен во Собранието, иако е во процедура. Бараме власта да го повлече и да постигнеме консензус помеѓу сите политички чинители за безбеден и објективен попис кој ќе има вклученост на сите релевантни политички субјекти. Доколку не се случи тоа, ќе почнеме акција за собирање потписи во подрачните канцеларии на Министерството за правда за носење на закон за укинување на постојниот закон за попис кој ќе биде основа за фалсификатот кој го турка власта. Тука бараме сеопштествена поддршка и мобилизација на граѓаните со цел да се спротивставиме. Се надевам на силна поддршка од граѓаните. Доколку и ова решат да го игнорираат од власта и да ја заобиколат волјата на граѓаните, тогаш јавно и јасно кажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот кој ќе биде очигледен фалсификат, ниту тогаш, ниту во моментот кога ќе ја преземеме власта. И тоа ќе биде најасниот показател за самоволието и политичкиот инженеринг на власта со кој сака да се замолчат граѓаните и нивната волја.

ДВ: Жешка тема останува и Бугарија. Можен ли е некаков напредок во разговорите во пост-вето атмосфера овде, ипредизборна таму, по ангажирањето на специјалниот владин пратеник?

Христијан Мицкоски: Сметам дека воведувањето на олеснувачи во разговорите е повеќе од симболичен, отколку од суштински карактер. Она што е важно, е што нашата влада не приоѓа искрено во процесот. Колку и тие да се обидуваат да кријат од јавноста, сепак останува фактот што го кажав уште пред три месеци – дека во игра е додаток на Договорот со Бугарија, било да го нарекуваат анекс, нов договор или додаток, како сакате, сепак тука се преговара директно за идентитетот. Дека има некаков анекс на Договорот е потврдено од највисоките владини претставници на Бугарија, а ако не е така, тогаш каде е демантот од Владата или нашето МНР? Нема таква работа. Но, она што е позагрижувачки е тоа што Заев по линијата на помал отпор и неговиот свиткан ‘рбет, наместо во позитива да ги смени околностите за Македонија, тој, дознаваме дека сменил член на историската комисија кој преговара со бугарската страна. Оттука, нејасно е дали е тоа поради фактот што историската комисија одбива да ги прифати искривените, и пред се’, неточни тврдења на Заев поврзани со историските факти кои се вграден дел од нашиот идентитет. Дали Заев со тоа што менува член на комисијата врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат? Ние како опозиција немаме детали информации за разговорите со Бугарија, а ќе споменам дека Заев одбиваше лидерска средба на оваа тема. Оттука, деталите ги добиваме од неофицијални канали и од медиумите.

ДВ: Во власта има разногласие по прашањето дали треба да одмориме од проблемот со Бугарија, до изборите кај нив. Каков е Вашиот став – дали разговорите со источниот соседтреба да продолжат беззастој, или да бидат запрени? 

Христијан Мицкоски: Што се однесува до тоа дали треба да се продолжи со разговорите или не, разговорите треба да се препуштат на историските комисии кои треба да работат врз основа на факти, а не врз основа на притисок и врз основа на тоа Заев да именува и разрешува нејзини членови за да исполнуваат нарачки. Политиката треба да биде настрана од овој процес. Доколку во тие разговори се вклучуваат идентитетски прашања поврзани со јазикот, историјата, идентитетот имаме јасен став дека по ниту една цена не треба да се разговара за она што претставува наше идентитетско обележје. Тоа не смее да биде предмет на договарање ниту какви било отстапки. А претходно кажав, дека доколку нашиот источен сосед продолжи да инсистира на преговори на оваа тема која опфаќа идентитетски прашања, тоа значи дека содржината и на овој актуелен билатерален договор кој го склучи Заев е исцрпена, и дека тој наместо да нуди иднина, нуди минато и тој за нас како политичка партија ќе биде минато. Тогаш е јасно дека е потребен нов договор кој ќе обезбеди иднина и во кој овие работи нема да бидат дел од преговори.

 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

дв Интервју мицковски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ноември 9, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка

ноември 9, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.