Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Очекувам жестока дебата за уставните измени, процесот е долг
Македонија

Мицкоски: Очекувам жестока дебата за уставните измени, процесот е долг

ноември 5, 2018Updated:ноември 5, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека партијата утре на средба со пратениците од нивната пратеничка група и Коалицијата за подобра Македонија ќе заземе конечна позиција како ќе делуваат од среда кога е закажана седницата на Комисијата за уставни прашања и најави жестока дебата по поднесените нацрт-амандмани за уставните измени на комисиската, а потоа и на пленарната седница.

„Очекувам една жестока критика на сето она што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и Владата во рамки на комисиската расправа, а потоа и во рамки на собраниската расправа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сето она што претходно го излажаа за владејачкото мнозинство да биде демаскирано пред јавноста, кое едно зборуваа претходно, а друго имплементираат на дело,  рече Мицкоски во интервју за Сител телевизија.

Според него, одлуките кои стигнуваат во Собрание ги добиваат неочекувано, а како пример го посочи вметнувањето на Охридскиот договор во амандманите за што претходно не ни било во предвид да се дискутира. Тоа, вели, е несериозно однесување од страна на Владата која носи стихијни одлуки, а што, додава, повлекува и промена и прилагодување на стратегијата за тоа како треба да се делува.

За изјавата на потпретседателот на партијата Александар Николоски дека е доцна за подобар договор со Грција, Мицкоски вели дека станува збор за хипотетичко прашање и оти процесот се уште не е завршен.

„Она што беше суштинско во изјавата на Николовски се однесуваше на еден минат период и што би било доколку овој процес би го доживеал својот крај и доколку се усвојат тие уставни измени. Се разбира, процесот е долг, месеците се пред нас, стратегијата ќе ја нивелираме во зависност од потребите на јавноста, но и во зависност од фактите што ние ќе ги презентираме, вели Мицкоски повторувајќи ги најавите за жестока комисисика и парламентарна дебата.

Тој смета дека во минатото можел да се постигне подобар договор, но вели, факт е и дека во моментот има нова реалност во Собранието, односно 80 пратеници кои гласаа за потребата за отпочнување на уставни измени, но додава, процесот допрва продолжува.

Посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори што, е вели, нормално за опозиција да се подготвува за избори и да посакува предвремени парламентарни избори.

„Очекувам во периодот што следува да се случат тие предвремени парламентарни избори и затоа ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на подготовката на програмските определби, вели Мицкоски.

актуелно Грција дебата мицковски собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.