Мицкоски поднесе иницијатива за референдум за престанок на важење на Договорот со Бугарија

LinkSense.mk

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја поднесе иницијативата за укинување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

Мицкоски потоа даде изјава за медиумите и кажа дека ова е идеална шанса, со референдумот, да се распишат и избори.

„Тоа што почнавме постапка за распишување референдум за Договорот со Бугарија не значи дека се откажавме од избори. Ова е одлична шанса да се организираат и референдум и избори на еден трошок“, кажа Мицкоски.