Мишел Обама: Ја преспав изборната ноќ

Додека многу Американци останаа будни во текот на изборната ноќ, во исчекување кој ќе биде новиот претседател, првата дама на САД во заминување, Мишел Обама вели дека спиела.

„Не сакам да гледам политички дискурс. Никогаш не сакав“, изјави „првата дама“ за магазинот „Пипл“, наведувајќи дека „заминала рано на спиење“.

„Кога еднаш ќе направиш се што можеш, останатото е лесно. Се беше во рацете на американскиот народ“, истакна Мишел Обама.

И додека во текот на кампањата за претседателските избори била остар критичар на победникот на републиканците
Доналд Трамп, сега вели дека е подготвена да го одработи својот дел од работата и да осигура мирна транзиција.

„Подготвени сме да работиме со следната администрација и да направиме се таа да биде што поуспешна. Затоа што тоа е најдобро за нашата земја“, изјави Мишел Обама.