Монфис се откажа, Новак игра против Гофан

Жил Монфис во последен час се повлече од завршниот турнир во Лондон поради повреда, па наместо него на мегдан на Новак Ѓоковиќ, денес попладне, ќе излезе Давид Гофан, пренесува Скај спорт.

Шестиот тенисер на светот Французинот Монфис се пожали на повреда во вторникот, на мечот против Доминик Тим.

Без намера да ризикува и да продолжи со игра, Жил одлучи да се повлече од турнирот.

Како прва замена во ваква ситуација уфрлен e Белгијанецот Гофан.

Златна резерва: Давид Гофин
Златна резерва: Давид Гофин