МОН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии за јуни

Министерството за образование и наука информира дека се исплатени средствата за ученички и студентски стипендии за јуни 2021 година.

– Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во земјава, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно со Шангајската ранглиста, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија, соопшти МОН.

Министерството додава дека оваа практика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставена на почетокот на 2021 година, ќе продолжи да се реализира и во следниот период, како мотив и поддршка на учениците и студентите во процесот на нивната едукација.