Москва и се закани на Америка: „Грешите, многу грешите!“

LinkSense.mk

„Соединетите Американски Држави се во голема заблуда ако веруваат дека ‘војната до последниот Украинец’ нема да влијае на Вашингтон“, напиша претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин, на својот профил на Телеграм, додавајќи дека САД „продолжуваат со милитаризација на Киев и го турка во нови злосторства“.

„Ако Вашингтон, продолжувајќи ја војната до последниот Украинец, мисли дека нема да биде допрен, тогаш е во голема заблуда“, порача Володин.

Тој смета дека Белата куќа треба да се запраша „што направи за да го запре гранатирањето на цивилите во Донбас каде луѓето живеат во страв, без вода и струја повеќе од осум години“.

„Што прави Вашингтон за да ги запре нападите на украинските формации врз нуклеарната централа Запорожје и да ја отстрани заканата од нуклеарна катастрофа? Американците продолжуваат со милитаризацијата на нацистичкиот режим во Киев, туркајќи го во нови злосторства“, истакна Володин.

На крајот додаде дека сите руски цели на „специјалната операција во Украина“ во секој случај ќе бидат исполнети.

„Режимот во Киев ќе биде соборен, а западната воена помош ќе биде уништена“, порача шефот на Думата.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)