Музејот „Мадам Тисо“ дозволи огранок во Унгарија

Во првите месеци следната година, во центарот на Будимпешта ќе биде отворен првиот музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Унгарија.

Светски познатиот музеј првпат отвора, поточно дозволува свој огранок во оваа средноевропска земја.

Се предвидува овој проект да го промовира унгарскиот туризам.

Објект се наоѓа недалеку од мостот што ги поврзува Будим и Пешта, а целата инвестиција ќе чини 28,2 милиони евра, пренесува порталот „Унгарија денес“.

Досега во светот се отворени 22 музеи „Мадам Тисо“.

Зад унгарскиот ќе застане група инвеститори кои платија за правото за употреба на името и брендот.

Во музејот, за почеок, ќе бидат изложени 50 восочни фигури на познати луѓе.